Официјален јазик на конгресот ќе биде македонски и англиски.
Краен рок за испраќање на апстракти – 20.07.2022г.
Сите апстракти мора да бидат поднесени онлајн преку соодветната апликација во продолжение, пред последниот рок за регистрација (апстракти испратени на факс или по пошта нема да бидат прифатени).
Апстрактот треба да биде напишан на македонски или на англиски јазик. Еден автор може да пријави најмногу два труда како прв автор, а апстрактите треба да бидат испратени засебно..
Ако пријавувате повеќе од еден апстракт тие мора да бидат испратени одделно.
Секој апстракт ќе се разгледува, класифицира, прифати или одбие од страна на Научниот одбор на Конгресот.
Научниот одбор го задржува правото да одлучи за видот на презентација на прифатениот апстракт за усна презентација или електронски постер. Одлуката на Научниот одбор е конечна. Еден од авторите на прифатениот апстракт треба да го изложи доколку биде прифатен за усна презентација. Сите апстракти ќе бидат објавени во Книгата на извадоци. Пред поднесување на апстрактот треба да се направи проверка на граматичките грешки.Сите апстракти ќе бидат печатени идентично како што ке бидат добиени. Авторот кој ке го презентира трудот мора да биде регистриран за учество на Конгресот со подмирена сума на котизација.
Пред поднесување на апстрактот во апликацијата да се одбере тема и начин на презентација (усмена/електронски постер), како и опција со физичко присуство или online презентација.
УПАТСТВО ЗА ПИШУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ
Одберете соодветен вид на апстракт
Оригинален и стручен труд: Апстрактот содржи Вовед, цел, материјал и методи, резултати и заклучок, а авторите на трудот прикажуваат податоци од сопствени испитувања или проекти.
Ревијален труд: Апстрактот содржи Вовед, цел, обработка и заклучок.
Претставува оригинален и детален приказ на определен истражувачки проблем или подрачје во
кое авторот има определено искуство и придонес (се однесува претежно на апстракти од
поканети предавачи)
Приказ на случај: Апстрактот содржи Вовед, цел, приказ на случај и заклучок.
Подготовка на текстот
Структура на апстрактот
ПРОПОЗИЦИИ ЗА УСМЕНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ
Усмена презентација
Упатство и пропозиции за подготовка на електронски постер
Трудовите презентирани во форма на електронски постер ги изложува
водечкиот автор во времетрањење од 3-4 минути и треба да содржат до 10
слајда со следната содржина: